Дознајте колку ќе ве чини увозот пред да го купите возилото
Пресметајте најточно царина, данок на моторни возила, ДДВ и вкупни увозни давачки со Шваке вредноста за конкретното возило и фактурната цена.
- 1500+
- обработени нарачки
- 8 мин
- Типично време до резултат
ПРИМЕР НА ИЗВЕШТАЈ
Вака изгледа дел од пресметката што ја добивате
Ова е дел од извештајот што го добивате. Шваке вредноста ја утврдуваме според VIN. Доколку внесете и фактурна вредност, добивате споредбена пресметка.
Volkswagen Tiguan · 2018 · 2.0 TDI
Пресметка со каталошка (бруто) вредност
Со EUR1
€4.198
Без EUR1
€5.555
Разлика
€1.357
Комплетен преглед во извештајот
Секоја давачка е прикажана одделно во Вашиот извештај.
Што велат нашите корисници
Брза , ефикасна и детална пресметка на јавни давачки за увоз на моторно возило. Се надевам дека со исти параметри пресметува и Царинската агенција. Ви благодарам, Б.С
Review by b***@gmail.com Сервисот ви е со највисоки оценки од мене … Браво 👏👏👏
Review by f***@yahoo.de Fala mnogu Licno mene mi bese korisno ova presmetka Vi blagodaram
Review by i***@yahoo.de
Како функционира?
Три едноставни чекори за да ја добиете Вашата пресметка за увоз на возило
1. Сликајте документ
Прикачете слика од сообраќајната или огласот и ние ги пополнуваме податоците за возилото. Може и рачно да ги внесете.
2. Добијте пресметка
Нашиот систем автоматски ги пресметува сите давачки според актуелните прописи.
3. Преземете извештај
Добијте детален извештај со сите давачки кој можете да го преземете или споделите.
Наши Премиум соработници
Премиум пресметка
Комплетен извештај со сите давачки
- •Пресметки врз основа на Шваке каталошка вредност
- •Пресметки врз основа на купопродажна вредност
- •Пресметки на царина
- •Детален преглед на давачки
- •Дополнителни корисни информации
Пакет пресметки
Заштедете со повеќе пресметки
- •Сè од Премиум
- •Валидност до 3 месеци
- •Уште подобри цени
Еднократно сигурно плаќање. Без скриени трошоци. Без месечна претплата.
* Цените во денари се приближни и зависат од тековниот курс. Наплатата се врши во EUR.
Зошто да го користите нашиот калкулатор?
Како разликите помеѓу фактурата и каталошката вредност влијаат на Вас како увозник
Два едноставни сликовити примери
⚠Фактурата е поголема од каталошката вредност
- •Купувате возило за €10,000 (фактурна цена)
- •Шваке каталошката вредност е €6,000
- •Давачките се пресметуваат врз основа на €10,000
Изложени сте на давачки поголеми од тие за вистинската каталошка вредност и увозот можеби не е исплатлив. Доколку сте го знаеле ова пред да го започнете увозот, можеби би донеле различна одлука.
⚠Каталошката вредност e поголема од фактурата
- •Купувате возило за €20,000 (фактурна цена)
- •Шваке каталошката вредност е €28,000
- •Давачките се пресметуваат врз основа на €28,000
Изложени сте на непредвидени давачки и увозот можеби не е исплатлив. Доколку сте го знаеле ова пред да го започнате увозот, можеби би донеле одлука да купите од локални продавачи.
Добро е да се знае дека...
- •За возила што се наоѓаат во каталогот, пресметката ја користи Шваке каталошката вредност за конкретното возило.
- •Кога не е достапна точна каталошка вредност по VIN, добивате минимален и максимален износ на давачки, за да знаете во кој опсег да планирате.
- •Финалната царинска основица се утврдува при царинење, според конкретното возило и достапната документација.
- •Пресметката е информативна и се базира на актуелните прописи; не е официјален документ од Царинската управа.
Чести прашања
Дали пресметката е официјален царински документ?
Не. Извештајот е информативна проценка врз основа на внесените податоци, каталошката вредност за возилото и важечките тарифи. Конечната пресметка ја утврдува Царинската управа.
Кои податоци ми се потребни?
Можете да прикачите сообраќајна дозвола или оглас, или рачно да внесете марка, модел, година, мотор, CO₂, фактурна вредност и земја на увоз.
Морам ли да прикачам документ?
Не. Прикачувањето е опционално и служи само за побрзо пополнување. Сите податоци можете да ги внесете и рачно.
Кога го добивам извештајот?
По успешното плаќање започнува обработката. Деталниот извештај обично го добивате на е-пошта и WhatsApp во рок од неколку минути.
Корисни ресурси
Сè за увоз на возило на едно место
Пресметајте давачки, прочитајте ги водичите и најдете шпедиција или превозник - сè што ви треба за увоз на автомобил.
