Услови на користење

Последно ажурирано: 17 Април 2025

Добредојдовте на uvoznavozila.com. Со користење на нашите услуги, се согласувате со следниве услови. Ве молиме внимателно прочитајте ги.

1. Опис на услугата

uvoznavozila.com е онлајн платформа која овозможува корисниците да добијат точна пресметка на вкупните трошоци за увоз на возило во Македонија. Овие трошоци вклучуваат царина, ДДВ, акциза, данок на моторни возила и други релевантни давачки. Пресметките се базирани на податоци добиени од јавни и трети извори, како и законски прописи во моментот на користење.

2. Плаќања

Оваа услуга се наплатува. Пристапот до резултатите е достапен само по успешно извршено плаќање. Плаќањата се извршуваат преку безбедни платформи за наплата и се изразени во EUR или USD. Средствата не се враќаат, освен во случај на техничка грешка или ако корисникот не го добие производот.

3. Без гаранции

Платформата обезбедува проценки кои имаат информативен карактер. Иако се трудиме да користиме точни и актуелни податоци, не гарантираме дека вредностите целосно ќе се совпаднат со оние при реална царинска постапка. Секој увоз е предмет на посебна проценка од страна на надлежните органи.

4. Одговорност на корисникот

Корисникот е должен да достави точни и целосни информации за возилото. Доколку се внесе неточен број на шасија (VIN), погрешни емисии на CO2 или неточна проценета вредност, резултатите може да бидат неточни. uvoznavozila.com не сноси одговорност за штети или загуби предизвикани од користењето на добиените резултати.

5. Интелектуална сопственост

Сите содржини, дизајн, логотипи и алгоритми користени на uvoznavozila.com се заштитени со авторски права и не смеат да се копираат или репродуцираат без дозвола.

6. Промени во условите

Го задржуваме правото да ги промениме овие Услови на користење во било кое време. Секоја промена ќе биде јавно објавена на нашата веб-страница. Користењето на услугата по објавата на промените значи прифаќање на новите услови.

7. Резултат од купувањето

По успешно извршено плаќање, корисникот ќе добие детална пресметка на трошоците за увоз на возилото во Македонија. Овој извештај ќе вклучува:

  • Царински давачки
  • ДДВ
  • Останати давачки
  • Данок на моторни возила
  • Административни трошоци

Извештајот ќе биде испратен на е-маил адресата наведена при купувањето, во рок од неколу минути до најмногу 2 часа. Ве молиме имајте предвид дека оваа пресметка е информативна и не претставува официјален документ од надлежните органи.