Зошто каталошката вредност е важна при увоз
Царината ја зема повисоката вредност меѓу фактурата и каталогот. Ориентационата пресметка е корисна, но не ја заменува проверката со каталошка вредност.
Зошто проверката со каталошка вредност се наплаќа
Корисниците на uvoznavozila.com плаќаат одреден надомест затоа што за секоја проверка за каталошка вредност ние користиме лиценцирани сервиси, еден од нив е Шваке.
Овие податоци не се јавни и се користат од царински служби, авто-дилери и проценители низ цела Европа.
Со нашата интегрирана алатка, дополнително се пресметуваат царинските, акцизните, ДДВ и административните давачки, со што добивате целосна слика за вкупните трошоци на увозот.
Како Царината ги утврдува давачките за возила
Кога увезувате возило, Царината ја зема предвид поголемата вредност меѓу:
- Каталошката вредност од Шваке (одредена според VIN или според техничките податоци)
- Вредноста од фактурата што ја доставувате при увоз
Доколку фактурната вредност е поголема од каталошката, тогаш таа ќе се користи како основа за пресметка на давачките.
Но, постои и спротивна ситуација — кога фактурната вредност е значително помала од реалната каталошка вредност. Во таков случај, Царината ќе ја користи повисоката Шваке вредност, што значи дека ќе платите многу поголеми давачки од очекуваното.
Многу увозници се соочиле со непријатно изненадување токму поради тоа, бидејќи не ја знаеле точната каталошка вредност однапред — и можеби воопшто не би ја започнале постапката за увоз ако ги знаеле реалните трошоци.
Со деталната пресметка на uvoznavozila.com ја дознавате каталошката вредност што Царината би ја прифатила и добивате прецизна пресметка на сите давачки.
Споредба: според купопродажна цена vs. според каталошка вредност
Пример за Porsche Panamera од октомври 2017 година
| Параметар | Според купопродажна цена | Според каталошка вредност | Разлика |
|---|---|---|---|
| Каталошка вредност | €38,583 | €47,400 | +€8,817 |
| Вкупни давачки | €21,255 | €24,971 | +€3,716 |
Важно:
Овој пример покажува како пресметка само според цената на возилото може да ги потцени реалните давачки кога каталошката вредност е повисока. Ориентационата пресметка е корисна за брз ориентир; за одлука пред купување ја проверете каталошката вредност.
Ориентационата пресметка е корисна, но не ја користи каталошката вредност
Пресметка според купопродажната цена или цената од огласот ви дава брз ориентир за давачките. Тој износ не ја вклучува каталошката вредност, која Царинската управа ја зема предвид при увоз.
За вистинска и точна пресметка се користат податоци од официјален каталог на вредности — Шваке, референтната база што Царината ја користи при одредување на царинската вредност на возилата.
На uvoznavozila.com, деталната пресметка користи токму тие податоци. Пресметките се базирани на Шваке каталошки вредности според бројот на шасија, а доколку не е достапна точна вредност по VIN, се користат техничките детали на возилото — марка, модел, година, тип на мотор и ниво на опрема. Со точен VIN, резултатот обично е многу близок до конечниот износ, но конечната сума ја утврдува Царинската управа при царинење.
Вредноста што ја добивате
Со точната пресметка на давачки за возила преку uvoznavozila.com, добивате:
Нашата цел е да ви помогнеме да донесете информирана одлука пред да го купите возилото: најпрво ориентир според цената, потоа проверка со каталошка вредност за конкретното возило.
Изберете го следниот чекор
Ориентирајте се според цената, или проверете ги точните очекувани давачки со каталошка вредност.